МЗТ Скопје Аеродром домаќин на средношколски тим од САД

2018 18 Јун

Младинскиот погон на МЗТ Скопје Аеродром не запира со активностите и по завршувањето на напорната сезона, а прва летна акција е улогата на домаќин на кошаркарите од средното училиште „Блекхок кристијан хај скул“ од САД и тоа во периодот од 18 до 22 јуни.

Станува збор за тим од Форт Вејс (Индијана), кои доаѓаат со помош на поранешниот кошаркар на „металците“, Ѓорѓе Војновиќ, што воедно е прв чекор на подлабока соработка која подоцна ќе продолжи со заминување на сино-бели кошаркари во САД.

Во следниот период, десет американски момчиња и 14 кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром на возраст од 15-18 години заеднички ќе тренираат и ќе одиграат пријателски натпревар. Потоа е планирана организација на меѓународен турнир на кој покрај нашиот и американскиот состав ќе настапат уште и Работнички и Буба Баскет од Софија.

Турнирот ќе се игра в четврток и петок и тоа наизменичко во салата „Јане Сандански“ и во спортскиот центар „Ново Лисиче“ и тоа според принципот секој со секого.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page