МЗТ Скопје ангажира еден од најталентираните кошаркари во Македонија!

МЗТ Скопје ангажира еден од најталентираните кошаркари во Македонија!

2018 30 Мар

Интенцијата да ангажира сѐ што е талентирано во македонската кошарка, екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја потврдува и со денешното потпишување договор со 18-годишниот Лука Стојановски, актуелен јуниорски репрезентативец и еден од најпреспективните кошаркари во моментов во нашата држава.

Станува збор кошаркар кој потекнува од школата на Феникс 2010, а кој во сино-белиот табор доаѓа од Италија каде што настапуваше за тимот на Лидо ди Рома. Тој потпиша четиригодишен договор со нашиот клуб, кој има големи очекувања од него во периодот кој следува.

Стојановски беше еден од најдобрите во составот на Македонија на ланското ЕП, дивизија Б во Талин (Естонија), каде што имаше повеќе од солиден просек со 12,5 поени, 3,1 скока и 2,8 асистенции. Претходно, во 2015 и 2016 година беше дел од кадетската национална селекција на второлигашките континентални собири на кои имаше просек од 11 поени и 3,1 скока односно 11,4 поени, 3,9 скока и 4,4 асистенции.

Новиот член на сино-белите ќе им се приклучи на врсниците Дамјан Миса, Андреј Настовски и нешто постариот Леонид Тодоровски, кои сезонава добиваат повеќе од солидна шанса во првиот тим на МЗТ Скопје, како и на плејадата таленти кои ја чекаат својата шанса настапувајќи за екипите од младинскиот погон на шесткратниот шампион. Ваквата политика ќе продолжи и во иднина, односно ќе се прави напор салата „Јане Сандански“ да биде местото каде што ќе се собере сѐ што нуди потенцијал за напредок и квалитет.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page