Испечатете ја страната

Кадетите на МЗТ Скопје Аеродром денеска и утре на мегдан против Хувентуд!

2018 22 Фев

Селекцијата на МЗТ Скопје Аеродром за кошаркари родени 2004 и 2005 година (помлади кадети), која е предводени од тренерот Дарко Димитријевиќ, од вчера е во Шпанија каде што ќе одигра натпревари против своите врсници на Хувентуд.

Средбите на сино-белите таленти против една од најдобрите младински кошаркарски школи во земјата на повеќекратниот светски и европски шампион ќе се одиграат денеска и утре со почеток во 20 часот. Мечевите ќе се одржат во салата во која своите мечеви ги игра првиот тим на Хувентуд, чиј член е и македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.

Ова воедно е само почеток на спортско-техничката соработка релација МЗТ Скопје Аеродром-Хувентуд, која се очекуваме дополнително да биде продлабочена во следниот период. Младинските селекции на нашиот клуб ќе имаат уште едно гостување надвор од Македонија и тоа следниот месец во Холандија.

На средбите против Хувентуд во дресот на МЗТ Скопје Аеродром ќе настапат: Тео Војновиќ, Лука Серафимовски, Стефан Маџовиќ, Филип Босилков, Филип Гавриловски, Бојан Стојановски, Јани Буха, Методија Михајловски и Виктор Стојнев.