Испечатете ја страната

Седумина од МЗТ Скопје Аеродром повикани да настапат за три различни репрезентации!

2018 19 Јан

Повеќе од половина од играчите со кои во моментов располага тренерот Жељко Лукајиќ добија покана да бидат дел од своите репрезентации во февруарскиот прозорец наменет за националните селекции.

Дарко Соколов, Бојан Трајковски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Андреј Маслинко се на списокот на селекторот Јорданчо Давитков за претстојниот меч против Словачка, трет за репрезентацијата на Македонија во претквалификациите за ЕП 2021. Тие треба да се јават на првиот тренинг закажан за 19 февруари додека натпреварот против Словаците ќе се одигра шест дена подоцна (25 февруари) во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Покана за настап за селекцијата на Хрватска, пак, доби и нашиот плејмејкер, Доминик Мавра, чија селекција учествува во квалификациите за следниот Мундобаскет, в година во Кина. За него ова е втор ваков повик, откако беше дел од селекцијата на „коцкестите“ и во претходниот ноемвриски репрезентативен прозорец на ФИБА.

Во мечевите за борба за пласман на Светското првенство (СП) ќе учествува и Јордан Минчев, кој доби покана да биде дел од селекцијата на Бугарија во февруарските средби на нашиот источен сосед.