Испечатете ја страната

Помладите кадети на МЗТ Скопје Аеродром го преслушаа Феникс!

2017 22 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на возраст до 15 години извојуваа значајна победа во пресметката со Феникс (80-75), екипа која неколку години наназад доминира во макбаскетот во оваа генерација играчи.

Сино-белите беа далеку подобри од својот ривал во најголем дел од средбата и сосема заслужено дојдоа до посакуваниот триумф. Триумфот беше обезбеден уште во првото полувреме, по кое избраниците на тренерот Дарко Димитријевиќ имаа позитива од дури 19 поени (45-26).

Антониот Софрониевски со 20 поени беше најпрецизен кај сино-белите, Борјан Димовски реализира 17 поени, а Синиша Зориќ беше стрелец на 13 поени.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 80-75 (22-11, 23-15, 16-29, 19-20)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Адемовиќ 4, Настовски 7, Чујовиќ, Николовски 9, Димовски 17, Зориќ 13, Софрониевски 20, Зафировски 8, Спасовски, Михајловски, Георгиевски 2. Тренер: Дарко Димитријевиќ.