Втор пораз за јуниорите на МЗТ Скопје Аеродром на АБА-турнирот во Белград

2017 26 Ное

Јуниорскиот состав на МЗТ Скопје Аеродром го претрпе вториот пораз на полуфиналниот АБА-турнир за играчи до 19 години во Белград, откако утринава загубија во пресметката со силмната екипа на Мега Бемакс со 67-88.

Заморот од напорниот ритам и помалиот фонд квалитетни кошаркари во однос на противниците беа причините за неуспехот на сино-белите во меч во кој без разлика на крајниот резултат прикажаа солидна игра и голема борбеност. Мечот беше неизвесен сѐ до финишот од првата четвртина, кога физички посилниот противник направија серија 16-2 со која дојде до двоцифрена предност (31-18), која потоа ја задржа до самиот крај.

Дамјан Крстевски, кој игра како позајмен кошаркар од Работнички, беше најпрецизен со 16 поени, Мартин Трсунов реализира 13, а Валмир Какруки реализира 10 поени.

МЗТ Скопје Аеродром сега има скор 1-2, а последниот меч ќе го одиграме попладнево и тоа против најсилниот тим и организатор на турнирот, Црвена звезда (16 часот).

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page