МЗТ Скопје и Работнички заеднички од малите таленти ќе прават кошаркари, но и - големи луѓе!

2017 14 Ное

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички се лути ривали, но само на паркетот, додека надвор од него луѓето во двата клупа размислуваат на сличен начин особено во делот за развој на македонската кошарка.

Желбата за промовирање и напредок во младинските категории донесе меѓусебна соработка на двата клуба. Таа деновиве е најразвиена во оние најмлади категории, поточно во мини-баскетот што е првата инстанца на патот за „зараза“ со вирусот наречен кошарка.

Огнен Стојановски е вклучен во овој проект, од страната на МЗТ Скопје, како одговорен за младинските селекции кај „металците".

„Поентата е да направиме соработка помеѓу градските ривали на едно друго ниво, кај оние помлади членови. Целта е да има дружба, да има соработка, позитивна енергија, нешто поразлично од она што досега било. Знаеме дека генерациите 2007, 2008, 2009, 2010 не се натпреваруваат во лигите кои се во организација на федерацијата. Сакајќи да им го зголемиме ентузијазмот, желбата, меѓу другото, да дојдат родители, настанот да се претвори во еден убав кошаркарски хепенинг. Кошарката не е на тоа ниво на која што била во претходните години. Сакаме да придонесеме во насока на зголемување на бројот на деца кои што сакаат да се занимаваат со овој спорт", вели Стојановски.

Александра Саздовска-Стефановска е претставник на „Лекс Груп", генералниот спонзор на младинската школа на МЗТ Скопје Аеродром. Како што вели, целта е да вложуваат и да инвестираат во младинската школа и да ја издигнат на уште повисоко ниво, со постојна интеракција со децата, тренерите, родителите..

„Очекуваме од оваа наша соработка дека од малите ќе излезат големи таленти, затоа и ги подржуваме. Големите таленти, со текот на времето, ќе преминат во првиот тим. Колку повеќе таленти, толку подобро за нас како ’Лекс Груп’, и секако за МЗТ. Целосно го подржуваме овој нов проект и би сакале сето тоа и да се прошири со некои други екипи. Поддршката ќе биде и финансиска и морална. Сите кои се дел од овој проект добија нови дресови" - изјави Саздовска-Стефановска.

Тодор Гечевски, кој е координатор на младинските категории во Работнички, смета дека оваа соработка е добра за развој на кошарката во градот Скопје, а се надева дека наскоро ќе се прошири и низ цела Македонија.

„Најважно е овие деца кои тренираат во школите, а не играат во лигите на МКФ, да ги анимираме и да ги воведуваме во светот на кошарката. Ние како два најголеми клубови во историјата на Македонија имаме голема обврска, да го подигнеме нивото на кошарката, да се обидеме овие младински школи да прават подобри резултати со тоа што бенефит би имале сите. Младите генерации да ги запознаат вистинските вредности на спортот, кој дел од општествениот живот и во наш и интерес на целото општество е да имаме здрава младина која правилно ќе се развива", смета Гечевски.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page