Вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром пресилен за Ангели

2017 14 Ное

Кошаркарите кои настапуваат за вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром завчера дојдоа до втората победа во дебитантскиот настап во Втората лига, откако на домашен терен, без поголеми проблеми го совладаа составот на Ангели со 85-69.

Победникот на овој меч беше решен уште во првата четвртина, во која младите „металци“ брзо дојдоа до двоцифрена позитива која потоа умешно ја одржуваа до самиот крај.

Јунак на вечерта беше првотимецот Леонид Тодоровски, кој заврши како најефикасен на теренот со дури 30 постигнати поени. Високиот центар на сино-белите на оваа средба покажа и нов квалитет и тоа со реализација на две тројки. Дамјан Миса реализира 22 поени додека Андреј Настески и Лазаревски постигнаа по девет поени.

Со овој триумф, вториот состав на МЗТ Скопје Аеродром се искачи на петтото место на табелата со скор 2-2. Првата победа беше обезбедена на гостински терен против Бол фор Лајф додека двата порази се од вториот состав на Карпош Соколи и од Академија ФМП.

Следниот викенд, избраниците на тренерот Небојша Ѓуковиќ ќе му гостуваат на тимот на Вардар.

МЗТ Скопје Аеродром – Ангели 85-69 (31-17, 16-24, 19-13, 19-15)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Митевски, Милевски 3, Миса 22, Настески 9, Прентовиќ 6, Тентов, Лазаревски 9, Џеладин 2, Тодоровски 30, Трсунов 4, Марков. ТРЕНЕР: Небојша Ѓуковиќ.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page