МЗТ Скопје Аеродром меѓу десетте екипи кои ќе играа во јуниорската лига на АБА!

2017 26 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром родени 1999 година и помлади ќе бидат дел од премиерното издание на јуниорската лига на АБА, која сезонава почнува со десет екипи кои ќе бидат поделени во две групи.

Сино-белите ќе бидат дел од турнирот кој ќе се одржи во Белград во периодот помеѓу 24 и 26 ноември на кој ќе настапат уште и Црвена звезда, Мега Бемакс, Морнар и Цибона. Другата група ќе се игра во Загреб во истиот период, а во неа силите ќе ги одмерат Партизан, Цедевита, Игокеа, Будуќност и Олимпија.

Завршниот дел од првата сезона во јуниорската лига на АБА ќе се одржи во Лакташи (БиХ) во дополнително одреден термин, а на него пласман ќе обезбедат по две најдобри екипи од двата полуфинални турнири.

Составот на МЗТ Скопје Аеродром ќе биде предводен од Небојша Ѓуковиќ, а во него ќе настапат поголем дел од играчите кои се вклучени во работата на нашиот втор тим во Втората лига.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page