Вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром со пораз дебитираше во Втората лига

2017 25 Окт

Вториот состав на МЗТ Скопје Аеродром имаше неуспешно деби во натпреварите од Втората лига, откако викендов, на домашен терен, загуби од вториот состав на Карпош Соколи (74-82) во возбудлив и до крај неизвесен меч кој се одигра во малата сала од спортскиот центар „Јане Сандански“.

Младите „металците“ постојано беа близу противникот, кој ја имаше резултатската иницијатива, но не успеаја да направат целосен пресврт и да дојдат до посакуваните бодови. Првотимецот Ранко Мамузиќ со 27 поени беше најпрецизен во нашиот тим, а одлична партија прикажа и високиот Леонид Тодоровски со 21 поен.

Во следното коло, сино-белите ќе гостуваат во Куманово каде што ќе ги одмерат силите со добро познатиот ривал од минатата сезона во Третата лига, екипата на Бал фор лајф.

МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи 2000 74-82 (18-20, 17-19, 22-19, 17-24)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Трсунов 4, Георгиевски, Митевски, Милевски, Миса 12, Настевски, Прентовиќ 4, Тентов, Лазаревски 6, Мамузиќ 27, Дуковски, Тодоровски 21. Тренер: Небојша Ѓуковиќ.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page