Пионерите на МЗТ Скопје Аеродром со убедлив триумф се враќаат од гостувањето во Крагуевац

2017 25 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на возраст до 12 години викендов гостуваа во Србија каде што одиграа пријателски натпревар со екипата на МБА Крагуевац во кој победија убедливо со 89-64.

Станува збор за селекција од генерацијата 2005/06 која е предводена од тренерот Митко Маринковски. На овој меч настапија Тео Војновиќ, Ристо Буклишев, Лука Серафимовски, Лука Дејановски, Марко Јаневски, Ангел Стојанов, Саво Стојановиќ, Милош Стојановиќ, Христијан Ванчов, Лазар Јокиќ и Павел Иванов. Според информациите од Крагуевац, најдобар во составот на „металците“ бил Ванчов иако одлично одиграле и сите останати во тимот.

Двете екипи одиграа уште една пријателска средба од затворен тип, во која домашниот тим оствари минимален триумф.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page