Среќен 19. роденден за Јордан Минчев!

2017 17 Окт

Синоќешната голема победа над Игокеа со дури 108 постигнати поени беше и своевиден роденденски подарок за бугарскиот интернационалец Јордан Минчев, кој денеска полни 19 години.

Кошаркарот на Фенербахче кој сезонава игра како позајмен играч во дресот на МЗТ Скопје Аеродром полека почнува да демонстрира зошто се наоѓа меѓу најдобрите европјани но својата возрасна категорија. Тоа најдобро се виде на гостувањето во Лакташи каде што одигра маестрално со учинок од 19 поени и девет скока. Роденденот, но и фантастичната партија се причините поради кои Минчев ќе ги почести со торта своите соиграчи и членови на стручниот штаб од кои веќе ги доби честитките со желба да продолжи да игра како и досега.

Ова е трета ваква прослава месецов во таборот на шампионот, откако на 5 октомври својот 33. роденден го прослави Игор Пенов, а еден ден подоцна 24 свеќички на тортата дуваше плејмејкерот Бобан Стајиќ.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page