МЗТ Скопје Аеродром го победи Берое за добра атмосфера пред дербито со Партизан

МЗТ Скопје Аеродром го победи Берое за добра атмосфера пред дербито со Партизан

2017 24 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа успешна генерална проба пред стартот на АБА-лигата и тоа со победа во пријателскиот дуел со бугарскиот тим Берое (78-71).

Македонскиот првак доминираше во текот на целиот меч, го имаа водството од првиот до последниот момент и сосема заслужено дојде до победата, која е добредојдена за добра атмосфера пред дербито со Партизан, закажано за в петок на отворањето на регионалното натпреварување.

Даниел Џенсен со 20 поени беше најпрецизен кај „металците“, Бојан Трајковски, Јуре Лалиќ и Дамјан Стојановски постигнаа по 11, а Ерик Гарсија и Брет Бејли по 10 поени. Ова беше седми пријателски дуел за МЗТ Скопје Аеродром во летниот подготвителен период и воедно трета победа, по успесите во мечевите со Бакиркој баскет и со Левски од Софија. Порази беа претрпени од Бујукчекмече, Цибона и од грчки Арис, додека дуелот со Лукоил Академик беше од затворен карактер без краен резултат.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page