Пораз на гостувањето во Солун кај грчки Арис

2017 18 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја да слават на денешното гостување во Солун, каде што загубија во пресметката со силниот грчки прволигаш Арис со 54-72 (16-18, 18-26, 9-16, 11-12).

Сино-белите пружија силен отпор во првата четвртина, но потоа попуштија пред притисокот на домашниот состав, кој во следните 20 минути ја обезбеди клучната предност. За „металците“ ова е трет пораз во досегашниот тек од подготовките, по неуспесите во пресметките со Бујукчекмече и Цибона на турнирот во Истанбул. Победи, пак, се извојувани во дуелите со турскиот второлигаш Бекиркој баскет и бугарскиот тим Левски.

Бојан Трајковски со 16 поени беше најпрецизен во нашиот тим, Брет Бејли постигна 11, а Јуре Лалиќ 10 поени. Дамјан Стојановски реализира пет, Ерик Гарсија, Бобан Стајиќ и Даниел Џенсен по три, Андреј Маслинко два, а Игор Пенов еден поен. Поради повреда во тимот не беше репрезентативецот Адем Мекиќ.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page