МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе му гостува на грчки Арис

МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе му гостува на грчки Арис

2017 18 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска ќе продолжат со одигрување пријателски средби пред почетокот на новата сезона и тоа во Солун против грчки Арис со почеток од 17 часот по македонско време.

Шампионот против себе ќе има исклучително силен тим, кој редовно е во врвот од грчката кошарка, а кој од клупата ќе биде предводен од легендарниот грчки кошаркар и тренер, Панајотис Јанакис. Ова ќе биде шести натпревар досега летово за тимот на Александар Тодоров, по трите во Истанбул и двата во Софија. Досегашниот скор на „металците“ е две победи (Бакиркој спорт и Левски), два порази (Бујукчемече и Цибона) и еден затворен меч против Лукоил Академик на кој не беше воден резултат.

МЗТ Скопје Аеродром во Солун патува без македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ, кој има поситна повреда и од превентивни причини остана во Скопје.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page