Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утринава отпатуваа за Софија каде што денеска и утре ќе одиграа две пријателски средби во рамки на подготовките за новата сезона.
Сино-белите вечерва ќе ги одмерат силите со поранешниот ривал од АБА-лигата, екипата на Левски (19 часот). Утре, пак, противник на четата предводена од тренерот Александар Тодоров ќе биде актуелниот бугарски шампион, Лукоил Академик (18 часот). Двата дуели ќе се одиграат во салата „Универзијада“ во престолнината на западниот сосед, а на нив ќе настапи и последното засилување, Јуре Лалиќ.
Пресметките со Крајова закажани за петок и сабота нема да се одиграат односно се одложени во заеднички договор на двете екипи. Наместо тоа, МЗТ Скопје Аеродром закажа пресметка со грчки Арис, која на 18 септември (понеделник) ќе се одигра во Солун.