Испечатете ја страната

Пионерите на МЗТ Скопје Аеродром со бронзен медал од „Буба купот“ во Софија

2017 11 Сеп

Кошаркарите на возраст до 12 години на МЗТ Скопје Аеродром викендов учествуваа на силниот меѓународен турнир „Буба куп“ во Софија, каде што со три победи и два порази го освоија третото место.

Сино-белите пионерчиња беа подобри во пресметките со ЦСКА Софија (62-29), Буба баскет (48-33) и италијанска Казерта (58-55) додека загубија од победникот Фока Крагуевац (55-63) и од вторпласираниот романски тим Дан Дачиан (47-60). За најкорисен играч во нашиот состав беше избран Тео Војновиќ, кој за тоа доби пригодна награда.