Пораз во добра игра: МЗТ Скопје Аеродром загуби од Цибона на турнирот во Бујукчекмече

2017 07 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром како четвртопласирани го завршија настапот на меѓународниот турнир „Езерски куп“ во турското гратче Бујукчекмече, откако попладнево, во битка за третото место, загубија од Цибона со 89-98.

Сино-белите играа повеќе од солидно во поголемиот дел од натпреварот, во кој имаа и резултатски приклучок и на моменти и водство, но дозволија во финишот на третиот период противникот да се одлепи на плус 15 (60-75). Но, тоа не ги откажа „металците“, кои преку расположените Дамјан Стојановски и Бојан Трајковски вратија со 21-6 за изедначени 81-81 на нецели четири минути до крајот. Но, тоа како да ги исцрпи македонските кошаркари, кои не го издржаа последниот налет на противникот, за чесен пораз против силниот ривал.

Брет Бејли постигна 22 поени, Трајковски средбата ја заврши со 18 поени, додека Стојановски застана на 17 поени. Сосема добар настап имаа и Даниел Џенсен и Ерик Гарсија со 15 односно 11 постигнати поени. За победничкиот пехар во финалето ќе се борат домаќинот Бујукчекмече на нашиот Војдан Стојановски и вториот турски прволигаш, Истанбул ББ.

Истанбулската турнеја на МЗТ Скопје Аеродром завршува утре, кога ќе бидат одмерени силите со второлигашот Бакиркој баскет (13 часот). Потоа следува враќање кон Македонија и два слободни дена за кошаркарите да соберат сили пред завршниот дел од подготовките за новата сезона.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page