МЗТ Скопје Аеродром ќе игра за третото место на турнирот во Бујукчекмече

2017 06 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз ги почнаа пријателските натпревари во пресрет на новата сезона, откако вечерва не успеаја да го совладаа организаторот на меѓународниот турнир на кој настапуваме, турскиот Бујукчекмече (75-86).

Турците се покажаа како исклучително силен тим, кој во секое време знае што прави што и не е за изненадување со оглед на нивниот успешен настап во исклучително силната турска елита. Тие беа во водство на текот на сите 40 минути и сосема заслужено дојдоа до триумф. За пофалба, сепак, е тоа што избраниците на тренерот Александар Тодоров не се предадоа дури и кога беа во негатива од 28 поени (41-69). Следуваа одлични десетина минути на сино-белите и серија 22-4 за драстично намалување на водството на противникот (63-73), но за жал снемаа сила за нешто повеќе од тоа.

Бојан Трајковски постигна 17 поени (осум скока), Даниел Џенсен беше стрелец на 15 поени, Брет Бејли имаше учинок од 13 поени и осум скока додека Дамјан Стојановски застана на девет поени. Кај Бујукчекмече настапи македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски, кој постигна седум поени.

Аеродромци утре ќе настапат во мечот за третото место и тоа против Цибона (15 часот), што ќе биде одлична можност за проверка на силите со еден иден ривал во АБА-лигата.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page