Младинската школа при кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром АД Скопје распишува јавен оглас за ангажирање кошаркарски тренери за следните генерации кошаркари: до 20 години, до 18 години, до 16 години, до 14 години и до 12 години.
Заинтересираните тренери треба да ги достават следните документи на клупската имејл-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и тоа најдоцна до недела (20.08.2017 година) до 17 часот:
-Биографија на тренерот
-Краток план и програма за работа со соодветната генерација (со специјален нагласок за која генерација конкурира)
-Диплома за завршено образование
По приемот на пријавите, КК МЗТ Скопје Аеродром во рок од три дена ќе ги извести и ќе ги интервјуира избраните кандидати по што ќе биде склучен договор за работа во младинската школа.