Талентите на МЗТ Скопје Аеродром ќе играат во јуниорската лига на АБА!

2017 22 Јун

Селекцијата на МЗТ Скопје Аеродром за играчи до 19 години и официјално се пријави за настап во новоформираната јуниорска лига на АБА, која се очекува да стартува во текот на претстојната сезона.

Тоа ќе биде одлична можност за талентите од нашиот клуб да ги одмерат силите со најдобрите врсници од просторот на поранешна СФР Југославија и да одиграат 10-14 натпревари преку кои ќе добијат шанса за надградба и напредок. Засега не е дефиниран принципот според кој ќе играат јуниорските тимови, но тоа најверојатно ќе биде со поделба во две групи и со играње секој со секого на два турнири кои ќе бидат одиграни на различни места.

Конечниот број екипи што ќе учествуваат во новата У-19 лига на АБА ќе биде познат на почетокот од следниот месец, по што ќе биде објавен изгледот на групите и начинот на кој ќе се игра. МЗТ Скопје Аеродром воедно изрази желба и подготвеност да биде домаќин на еден од турнирите во групната фаза.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page