Постарите пионери на МЗТ Скопје денеска против Водно санс ќе бркаат финале во М-14 лигата!

2017 07 Јун

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на возраст до 14 години денеска против Партизан Водно санс (17.30 часот) ќе го почнат настапот на фајналфор-турнирот, кој ќе се одржи во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Ова е трета сино-бела селекција која настапува во завршницата од младинските првенства во организација на МКФ, откако претходно М-12 екипата го освои златниот, а јуниорите бронзениот медал. Тренерот Митко Маринковски најавува голема борба и давање максимум за прво да се избори место во утрешното големо финале. Во втората денешна полуфинална пресметка, пак, силите ќе ги одмерат Феникс 2010 и тимот на Вардар (20 часот).

За МЗТ Скопје Аеродром на средбите од Ф4-турнирот за постари пионери ќе настапат Адем Адемовиќ, Антонио Софронијевски, Христијан Стојков, Борјан Димовски, Кире Николовски, Андреј Саревски, Лука Зафировски, Горазд Зафировски, Христијан Хаџи-Ангеловски, Синиша Зориќ, Ненад Благоевски и Никола Масевски.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page