Јуниорите на Ф4-турнир во „Кале“ ќе бркаат реприза на шампионскиот успех на сениорите и на пионерите!

2017 05 Јун

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на возраст до 18 години денеска и утре ќе настапат на фајналфор-турнирот во јуниорското првенство во организација на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) во салата СРЦ „Кале“ на кој ќе пробаат да ги следат стапките на колегите од сениорскиот и од пионерскиот состав односно да комплетираат шампионски хет-трик за нашиот клуб во досегашниот дел од сезоната.

„Металците“ во денешното полуфинале ќе ги одмерат силите со тимот на Работнички во меч кој почнува од 17.30 часот додека во втората пресметка ќе се сретнат екипите на Вардар и на Шкупи (20 часот). Победниците од овие две средби ќе се појават во утрешното финале од 20 часот додека два ипол часа порано поразените тимови ќе настапат во битката за третото место.

Тренер на сино-белите јуниори е Драган Миленковиќ, кој работеше и како помошник на првиот тренер на нашиот сениорски тим, Анте Назор. Асистент на популарниот Гаго во М-18 селекцијата е Тино Даневски додека во улога на ментор на оваа генерација е Горан Крстевски.

За јуниорскиот состав на МЗТ Скопје Аеродром на овој завршен турнир ќе настапат: Стефан Трајковски, Благој Динев, Бојан Јовановски, Бојан Лазаревски, Матеј Павловски, Дамјан Миса, Никола Коневски, Андреј Настовски, Стојан Лисичков, Иван Ристовски, Стефан Зографски, Мартин Трсунов, Никола Марков, Платин Џеладини, Илија Колев.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page