Испечатете ја страната

Четворица кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром добија покана за настап во дресот на Македонија!

2017 01 Јун

Раководството на Македонската кошаркарска репрезентација (МКФ) денеска испрати допис до канцеларијата на МЗТ Скопје Аеродром со известување дека четворица сино-бели кошаркари се повикани да се приклучат на подготовките на националната селекција.

На списокот на селекторот Јорданчо Давитков се најдоа Марко Симоновски, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ, кои ќе бидат во конкуренција за настап на претстојните претквалификациски средби за пласман на Светското првенство (ЕП) во 2019 година. Тие ќе мора да се појават на првиот состанок, кој е закажан за 21 јуни во 19 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонија во августовските претквалификации ќе ги одмери силите со Естонија и со Косово во група од која двете најдобри репрезентации ќе се пласираат во главниот дел од квалификациите за Мундобаскетот.