Шампионски танц на пионерите на МЗТ Скопје Аеродром во М-12 лигата на МКФ!

2017 28 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија шампионската титула во М-12 лигата во организација на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), откако денеска во големото финале на фајналфор-турнирот во „Јане Сандански“ го совладаа тимот на Дино баскет (42-34).

Сино-белите прикажаа уште еден одличен натпревар и тоа против исклучително силен и мотивиран противник. Гостите добро почнаа, беа за нијанса подобри во првата четвртина, но потоа младите „металци“ уфрлија во петта брзина и дојдоа до посакуваната победа.

Тандемот Рубин Стефанов-Тео Војновиќ и овој пат беше водечка сила на екипата на МЗТ Скопје Аеродром за играчи до 12 години постигнувајќи ги сите поени за нашиот состав. Стефанов уфрли 26 поени додека Војновиќ постигна 16 поени. За одбележување е и настапот на Ристе Буклишев кој иако не се запиша во листата на стрелци оствари неверојатни 18 скока од кои седум офанзивни.

Стефанов воедно беше избран за најкорисен и најефикасен играч на завршниот турнир додека Војновиќ како капитен го крена победничкиот пехар на крајот.

На овој турнир за екипата на МЗТ Скопје Аеродром настапија: Рубин Стефанов (1), Лука Дејановски (2), Павел Иванов (3), Ристе Буклишев (6), Саво Стојановиќ (5), Лука Серафимовски (10), Тео Војновиќ (4), Марко Димитровски (11), Михаил Стерјовски (8), Стефан Серафимовски (13), Марко Јаневски (12), Христијан Свртинов (9), Милош Стојановиќ (0) и Ангел Кечовски (14).

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page