Јуниорите на МЗТ Скопје го преслушаа Феникс за пласман на Ф4-турнирот во М-18 лигата!

2017 27 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кои настапуваат за јуниорскиот тим се пласираа на завршниот фајналфор-турнир во М-18 лигата на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), откако синоќа, со фантастична игра во нападот го совладаа тимот на Феникс (95-87) во „мајсторката“ од четвртфиналната плејоф-пресметка.

Сино-белите победија со 2-1 во серијата и сега ги очекуваат противниците на завршницата, која ќе се одржи следниот викенд, а на која најверојатно ќе настапат и екипите на Работнички, Вардар и на Шкупи. Избраниците на тренерот Драган Миленковиќ победата ја осигураа во последната четвртина во која и МЗТ Скопје и Феникс влегоа со идентичен број поени (66-66).

Најефикасен во овој триумф на „металците“ беше Мартин Трсунов со 20 постигнати поени, Дамјан Миса реализира 20 поени додека Бојан Лазаревски запиша 18 поени.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page