Пионерите на МЗТ Скопје Аеродром викендов ќе атакуваат на златото во М-12 лигата на МКФ!

2017 26 Мај

Најмладите кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром викендов, на домашен терен во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, ќе пробаат да ги следат чекорите на своите идоли од сениорскиот состав и да дојдат до златниот медал во М-12 категоријата која се игра во рамки на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Сино-белите имаат исклучително талентирана генерација, која изминатава година настапи на повеќе силни меѓународни турнири на кои меѓу другите остварија и победа против врсниците од големата ЦСКА од Москва. Поради ова, избраниците на тренерот Митко Маринковски влегуваат како фаворит за највисок пласман на турнирот на кој ќе настапат уште и екипите на Партизан Водно санс, МВП Струмица и на Дино баскет од Кочани.

Полуфиналните мечеви се играат утре и тоа во 12 часот силите ќе ги одмерат кошаркарите на МВП и на Дино баскет додека од 14 часот ќе настапат МЗТ Скопје Аеродром и Партизан Водно санс. Програмата в недела ќе почне исто така на пладне со битка за третото место помеѓу поразените финалисти, а два часа подоцна утрешните победници ќе се сретнат во борбата за шампионската титула во М-12 лигата.

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе настапи во следниот состав: Рубин Стефанов (1), Лука Дејановски (2), Павел Иванов (3), Ристе Буклишев (6), Саво Стојановиќ (5), Лука Серафимовски (10), Тео Војновиќ (4), Марко Димитровски (11), Михаил Стерјовски (8), Стефан Серафимовски (13), Марко Јаневски (12), Христијан Свртинов (9), Милош Стојановиќ (0) и Ангел Кечовски (14).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

САБОТА (27 мај)

ПОЛУФИНАЛЕ

(1) МВП Струмица – Дино баскет (12 часот)

(2) МЗТ Скопје Аеродром – Партизан Водно санс (14 часот)

НЕДЕЛА (28 мај)

ЗА 3. МЕСТО

Поразен 1 – Поразен 2 (12 часот)

ФИНАЛЕ

Победник 1 – Победник 2 (14 часот)

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page