Назор се поклони на гробот на Македонецот кој не дозволи неговиот Сплит да биде бомбардиран! (ФОТО)

2017 25 Мај

Нецели 24 часа по освојувањето на шампионската титула со МЗТ Скопје Аеродром, шеста во низа за клубот, а прва за него во досегашната сениорска кариера, тренерот Анте Назор реши претпладнето наместо во славје да го мине во барање на гробот на македонскиот генерал и прв началник на генералштабот на АРМ, Драгољуб Боцинов.

Причина за ова беше неговата желба пред заминувањето од Македонија да се поклони пред вечниот дом на човекот чие име е со златни букви испишано во историјата на неговиот роден град Сплит. Во веќе далечната 1991 година, за време на војната на територијата на поранешна СФРЈ, тогаш адмиралот Боцинов како командант на сплитската касарна „Лора“ добил наредба да гранатира одредени делови на овој јадрански град. Но, понесен од својата хуманост и желба да избегне голем број цивилни жртви, македонскиот генерал решил да одбое да стрела врз градот каде што минал поголем дел од својот живот.

Поради овој негов хуманистички чин, дури и 26 години подоцна неговото име означува светла точка во потсетувањето на тие најмрачни денови не само за Хрватска туку и за целиот простор на некогашната заедничка држава.

Адмиралот Боцинов спречил да се изврши чинот на бомбардирање на Сплит со што спасил голем број невини животи, поради што за мене и за сите сплиќани тој е една од најсветлите ликови од еден мрачен период кој сите сакаме да го забораваме и се надеваме дека никогаш нема да се повтори. Во Далмација, каде што мина најголем дел од својот животен век, тој е познат како голем хуманист што и на дело го покажа изложувајќи го и својот живот во опасност само за да спречи нешто да му се случи на нашиот, но и негов Сплит налик на црните работи кои им се случија на Дубровник, Шибеник и на други градови на Јадранот. Ова воедно е и една од многуте работи кои ги поврзува Македонија и Хрватска. Поради тоа ние вечно ќе се сеќаваме на него и вечно ќе му бидеме благодарни, поради што не можев да си заминам дома, а да не го посетам неговиот вечен дом и да положам свежо цвеќе во име на моето семејство и на сите мои сограѓани. “, со солзи на очите прокоментира Назор при заминувањето на скопските гробишта „Бутел“.

Поради овој хуманистички гест, Боцинов бил уапсен и осуден на 18 месеци затвор од кои одлежал девет месеци во Белград по што следувало враќање во Македонија каде што веднаш бил примен од тогашниот претседател Киро Глигоров. Набрзо потоа добива чест прв да ја предводи тукушто формираната АРМ, а починува во 2003 година во Скопје.

Заедно со Назор во посета на гробот на генералот Боцинов беше и нашиот прославен тренер Александар Књазев, кој е близок роднина со спасителот на Сплит.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page