Прекрасна дружба и многу забава на промоцијата на нашата младинска школа во „Капитол“!

2017 09 Мај

Младинската школа на МЗТ Скопје Аеродром, која години наназад е меѓу најголемите расадници на кошаркарски таленти кај нас, викендов имаше своја активна промоција во трговскиот центар „Капитол“ со учество на тренери и играчи, кои практично го презентираа тоа што го работат на тренинзите.

Голем број дечиња, меѓу кои дефинитивно имаше идни вљубеници во кошаркарскиот спорт, внимателно ги следеа инструкциите на луѓето од нашиот клуб, а воедно имаа можност да видат како е да се биде дел од една младинска екипа. Најупорните и најталентираните добија награди за бесплатно тренирање во МЗТ Скопје Аеродром, а сите други инструкции како да им се приклучат на момчињата и девојчињата во сино-бела опрема.

Тоа беа три прекрасни дена на дружење и забава во прекрасниот „Капитол“, кој се надеваме дека ќе се повторат по летниот распуст и со почетокот на новата училишна и воедно кошаркарска сезона.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page