Добро утро шампиони: Талентите на МЗТ Скопје убедливо најдобри во Третата лига!

2017 05 Мај

Талентите на МЗТ Скопје Аеродром кои настапуваат за втората екипа завршија како првопласирани во Третата лига сезонава, откако синоќа, на домашен терен, го совладаа директниот конкурент за највисок пласман, тимот на Бал Фор Лајф со убедливи 21 поен разлика (94-73).

Првотимецот Леонид Тодоровски со 27 поени беше најзаслужен за триумфот над Бал Фор Лајф додека уште четворица од составот на тренерот Небојша Ѓуковиќ имаа двоцифрен поентерски ефект. Миса застана на 15 поени, Прентовиќ постигна 14, Јовановски 13, а Трсунов 10 поени.

Иднината на нашиот клуб третолигашката сезона ја заврши со скор 15-2 односно две победи повеќе од синоќешниот ривал од Куманово, а дури четири од некогашниот прволигаш Овче Поле, кој заврши на третото место. Следната сезона најталентираните аеродромци ќе се натпреваруваат во Втората лига.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – БАЛ ФОР ЛАЈФ 94-73 (22-22, 21-14, 23-26, 28-11)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Георгиевски, Милевски 3, Ристовски, Џеладини, Прентовиќ 14, Трсунов 10, Миса 15, Јовановски 13, Лазаревски 3, Дуковски 9, Динев, Тодоровски 27. Тренер: Небојша Ѓуковиќ.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page