Испечатете ја страната

Талентите на МЗТ Скопје со „стотка“ го средија Овче Поле, Трсунов постигна дури 40 поени!

2017 24 Апр

Со фуриозна игра, особено во фазата на нападот, кошаркарите кои настапуваат за вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром синоќа, како гости, лесно и убедливо го преслушаа некогашниот прволигаш Овче Поле (100-88) за дополнително зацврстување на првото место на табелата во Третата лига.

Аеродромските таленти имаат скор 14-2 и веќе одамна ја осигураа промоцијата во Втората лига, а во последното коло, следниот викенд, на домашен терен против Бал фор лајф ќе пробаат со победа сезоната да ја завршат како третолигашки шампиони. Избраниците на тренерот Небојша Ѓуковиќ постигнаа дури 13 тројки, во што предничеше Мартин Трсунов, кој постигна осум од нив со вкупен учинок од 40 поени. Првотимците Леонид Тодоровски, Дамјан Миса и Мартин Милевски реализираа 18 поени, 14 односно 13 поени.

ОВЧЕ ПОЛЕ - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 88-100 (22-16, 25-33, 17-22, 24-29)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Настовски 5, Марков, Милевски 13, Трсунов 40 (8 тројки), Миса 14, Динев, Лазаревски 4, Џеладини, Дуковски 6, Тодоровски 18. Тренер: Небојша Ѓуковиќ.