Испечатете ја страната

Талентите на МЗТ Скопје го прегазија Марфил спорт за прво место во Третата лига

2017 22 Апр

Младите кошаркари кои настапуваат за вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром се зацврстија на првото место на табелата во Третата лига, откако завчера, на домашен терен, лесно и убедливо го прегазија тимот на Марфил спорт со дури 58 поени разлика (117-59).

Нашите таленти сега имаат скор 13-2 на две кола пред крајот и осигурана промоција во повисок ранг за следната сезона. Избраниците на тренерот Небојша Ѓуковиќ одиграа фантастично прво полувреме во мечот против Марфил, во кое постигнаа дури 62 поени, а примија само 15. Шанса добија сите на клупата и сите успеаја да се запишат во листата на стрелци. Дури седуммина имаа двоцифрен поентерски ефект, а најефикасни беа Тодоровски со 17, Лазаревски со 16 и Миса со 14 поени.

Викендов сино-белите ќе му гостуваат на Овче Поле, а во последното коло се среќаваме со Бал фор лајф.

МЗТ Скопје Аеродром – Марфил спорт 117-59 (29-8, 33-7, 30-21, 25-23)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Настовски 10, Милевски 8, Марков 10, Џеладини 12, Ристовски 2, Трсунов 11, Јовановски 9, Миса 14, Лазаревски 16, Дуковски 6, Динев 2, Тодоровски 17. Тренер: Небојша Ѓуковиќ.