Талентите на МЗТ Скопје Аеродром ја запечатија промоцијата во Втората лига

Талентите на МЗТ Скопје Аеродром ја запечатија промоцијата во Втората лига

2017 11 Апр

Со победата на гостински терен против Дино Баскет (90-86), кошаркарите кои настапуваат за вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром речиси и официјално осигураа едно од првите две места во Третата лига, а со тоа и промоција во повисок ранг во второлигашката конкуренција.

Избраниците на тренерот Небојша Ѓуковиќ се лидери на табелата со учинок 12-2, со една победа повеќе од Бал фор лајф и со дури три од третопласираниот тим на Овче Поле. Сино-белите до крајот на шампионатот ги очекуваат уште пресметки со Марфил спорт и Бал фор лајф на домашен и со Овче Поле на гостински терен, на кои им е неопходна уште само една победа за официјално да бидат промовирани во членови на Втората лига.

Најдобри на гостувањето во Кочани беа првотимецот Леонид Тодоровски со 25 поени и талентираниот Мартин Трсунов со 23 поени, додека одлична партија прикажаа уште и Дамјан Миса со 15, Петар Прентовиќ со 10, колку што постигна и Георгиевски.

Дино Баскет - МЗТ Скопје Аеродром 86-90 (23-25, 16-21, 22-19, 25-25)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Настовски, Георгиевски 10, Јовановски, Милевски 3, Ристовски, Трсунов 23, Миса 15, Прентовиќ 10, Лазаревски, Џеладини 3, Динев, Тодоровски 26. Тренер: Небојша Ѓуковиќ.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page