Испечатете ја страната

Среќен 27. роденден за Шарлон Клоф!

2017 20 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром добија два слободни дена по саботниот триумф против Кожув во Гевгелија, а утрешниот утрински тренинг ќе им почне со парче торта и тоа од Шарлон Клоф, кој денеска го прославува 27. роденден.

Холандскиот репрезентативец летово потпиша договор со нашиот клуб и оттогаш е еден од најстандардните и најдобрите во екипата предводена од Емил Рајковиќ, Алек Јончевски и сега од Анте Назор. Клоф настапи на 22 средби во АБА-лигата, на кои просечно реализираше 9,9 поени, 3,6 скока и 3,5 асистенции.

Управата на МЗТ Скопје Аеродром му го честита роденденот на Клоф и му посакува уште подобри игри до крајот на сезоната, кои ќе бидат крунисани со освојување на шампионската титула.