Нашиот Драган Миленковиќ избран за помошник-селектор на младинската селекција на Македонија!

2017 03 Мар

Асистенот во стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Миленковиќ, летово ќе има шанса наученото во работата со првиот тренер Анте Назор, со неговите претходници и пред сѐ со останатите колеги од младинската школа на клубот да ја пренесе и на најголемите таленти во државата, откако вчера на Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) беше избран за помошник-селектор на репрезентацијата на Македонија за играчи до 20 години.

Ова е големо признание за популарниот Гаго не само за работата со првиот тим на „металците“ туку и за повеќегодишниот континуитет како предводник на повеќе младински селекции на МЗТ Скопје Аеродром. Миленковиќ е поранешен кошаркар на нашиот клуб, кој годинава првпат беше вклучен во работата со најдобриот тим и тоа од Александар Јончевски, а остана дел од стручниот штаб и по доаѓањето на хрватскиот стратег.

Нашиот тренер во македонската младинска репрезентација ќе работи со селекторот Мирко Петрески, со кого ќе се обидат да остварат што е можно подобра селекција за настапот на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, кое од 14 до 23 јули ќе се одржи во романскиот град Орадеа.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page