Седма победа по ред за талентите на МЗТ Скопје Аеродром во Третата лига

2017 26 Фев

Талентираните кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа и до седмата победа по ред во Третата лига, откако вчера без никакви проблеми и максимално убедливо го совладаа тимот на Марфил спорт со 85-44.

Фантастичен натпревар одиграа првотимците Леонид Тодоровски и Петар Прентовиќ, кои средбата ја завршија со 29 односно 25 поени, што е речиси две третини од вкупниот број поени на нашиот тим на овој натпревар. Тодоровски доминираше под двата коша, а Прентовиќ беше незапирлив во транзиција и игра еден на еден и два на два, со што двајцата покажаа дека не е залудна работата со нив на првиот стратег на „металците“, Анте Назор.

Со овој триумф, МЗТ Скопје Аеродром со скор 7-0 се искачи на врвот од табелата во третолигашката конкуренција и сега само чудо може да ги спречи нашите таленти да не изборат пласман во повисок ранг односно во Втората лига, каде што според квалитетот и реално им е местото.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – МАРФИЛ СПОРТ 85-44 (20-9, 21-10, 20-13, 29-12)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Настовски, Георгиевски, Милевски, Ристовски, Јовановски 2, Џеладини 8, Прентовиќ 25, Миса 14, Лазаревски 7, Тодоровски 29. Тренер: Небојша Ѓуковиќ.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page