МЗТ Скопје Аеродром и Дино баскет победници на зимскиот „Триглав куп 2017“

2017 23 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на возраст до 14 години се победници на зимската варијанта на силниот меѓународен турнир „Триглав куп 2017“, додека во категоријата за играчи до 12 години нашата екипа заврши на четвртата позиција.

Главна причина за нешто послабиот пласман на оваа екипа е повредата на најдобриот играч во составот на сино-белите, Рубин Стефанов, кој се повреди уште на првата средба на турнирот. Ваквиот развој на настаните го искористија пионерчињата на Дино баскет од Кочани, кои триумфираа пред Партизан Водно санс и Балкан Ботевград. Во повозрасната категорија, избраниците на тренерот Митко Маринковски беа максимално доминантни, а најдобар беше Антонио Софронијевски, кој беше избран за МВП-играч на турнирот.

Зимскиот „Триглав куп 2017“ се покажа како полн погодок, откако се одиграа дури 35 натпревари во две возрасни категории, а истиот беше и шанса за голем број македонски екипи да одиграа квалитетни меѓународни средби. Ова е втор ваков турнир во организација на МЗТ Скопје Аеродром, а следното издание е планирано за месец јуни. Ова воедно треба да биде мотив и за останатите да организираат вакви силни мешународни манифестации, бидејќи само така ќе може да се очекуваме развој на младите таленти.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН (У-12)

1. Дино баскет Кочани

2. Партизан Водно санс

3. Балкан Ботевград

4. МЗТ Скопје Аеродром

5. Буба баскет Софија

6. Актавис Академија Лесковац

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН (У-14)

1. МЗТ Скопје Аеродром

2. Партизан Водно санс

3. Јуниор Скопје

4. Актавис Академија Лесковац

5. Вардар

6. Буба баскет Софија

7. Балкан Ботевград

8. Работнички

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page