МЗТ Скопје домаќин на зимскиот „Триглав куп 2017“ во две категории и со вкупно – 14 екипи!

2017 20 Јан

Управата на МЗТ Скопје Аеродром и на стартот од новата година продолжува со интенцијата за развој на младинската кошарка преку организирање силни меѓународни турнири на кои младите таленти ќе имаат можност да го проверат својот моментален квалитет со врсниците од државата и од соседството.

За таа цел, од денеска до недела, нашиот клуб ќе биде домаќин на зимскиот „Триглав куп 2017“ кој ќе се одвива во две возрасни категории за играчи до 12 односно до 14 години и со вкупно 14 екипи од Македонија, Бугарија и од Србија. Во помладата категорија ќе настапат шест додека во повозрасната осум тима. Турнирот воедно ќе биде одлична можност за напредок и развој на останатите македонски екипи со оглед на тоа што на паркетот ќе се најдат дури седум состави од нашата држава.

Натпреварите ќе се играат во малата и големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ како и во салата на Јуниор и во СЦ „Ново Лисиче“, каде што в недела од 9 односно 11 часот ќе бидат одиграни средбите за медали.

УЧЕСНИЦИ НА ТУРНИРОТ ЗА ИГРАЧИ ДО 12 ГОДИНИ

МЗТ Скопје Аеродром (Македонија)

Дино баскет Кочани (Македонија)

Партизан Водно санс (Македонија)

Буба баскет Софија (Бугарија)

Балкан Ботевград (Бугарија)

Актавис Академија Лесковац (Србија)

УЧЕСНИЦИ НА ТУРНИРОТ ЗА ИГРАЧИ ДО 14 ГОДИНИ

МЗТ Скопје Аеродром (Македонија)

Јуниор Скопје (Македонија)

Партизан Водно санс (Македонија)

Работнички (Македонија)

Вардар (Македонија)

Буба баскет Софија (Бугарија)

Балкан Ботевград (Бугарија)

Актавис Академија Лесковац (Србија)

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page