Трета лига: Пред сино-белите таленти падна и некогашниот прволигаш Овче Поле!

2016 25 Дек

Кошаркарите кои настапуваат во вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа и до шестиот по ред триумф во настапите во Третата лига, откако вечерва, на домашен терен, го совладаа некогашниот прволигаш Овче Поле со 84-80.

Сино-белите таленти по изедначената прва четвртина буквално експлодираа во вториот период, во кој постигнаа дури 28 поени и кој го добија со огромни плус 14, доволно за висока предност на крајот од првото полувреме (50-35), која потоа само беше умешно задржана.

Мартин Трсунов беше централната фигура на натпреварот со 26 постигнати поени и тоа со шест тројки, додека одлична партија прикажаа и двајцата членови и на нашиот прв тим, Петар Прентовиќ и Леонид Тодоровски, кои реализираа по 19 поени.

Ова беше прв меч од вториот дел од третолигашкото натпреварување, со напомена дека избраниците на тренерот Небојша Ѓуковиќ допрва треба да го одиграат и одложениот меч против Кичево на теренот на противникот. Шампионатот продолжува кон средината на февруари, кога ќе треба да му гостуваме на Борец Еуробрик.

МЗТ Скопје Аеродром – Овче Поле 84-80 (22-21, 28-14, 14-26, 20-19)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Настовски, Георгиевски 2, А. Јовановски, Трсунов 26 (6 тројки), Џеладини 7, Прентовиќ 19, Миса 6, Лазаревски 5, Ристовски, Дуковски, Тодоровски 19. Тренер: Небојша Ѓуковиќ.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page