Трета победа по ред за талентите на МЗТ Скопје Аеродром во Третата лига

2016 28 Ное

Три од три имаат кошаркарите кои настапуваат за вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром во Третата лига, откако вечерва, во големата сала во „Јане Сандански“, убедливо и без никакви проблеми го совладаа тимот на Дино Баскет со 87-55.

Претходно, составот за кој настапуваат најталентираните млади кошаркари од нашиот клуб, лесно излезе на крај во пресметките против Овче Поле (112-62) и против Марфил спорт (91-70), обете одиграни на гостински терен. Првотимците Петар Прентовиќ и Мартин Милески со 23 односно 16 поени беа најзаслужни за вечерашниот триумф над Дино баскет, а одлично одиграа уште и Бојан Јовановски со 16 односно Бојан Лазаревски со 10 постигнати поени.

Во следното коло, избраниците на тренерот Небојша Ѓуковиќ се слободни, период кој ќе се искористи да се одигра одложениот дуел со велешки Борец Еуробрик.

МЗТ Скопје – Дино баскет 87-55 (19-18, 27-11, 15-21, 26-10)

МЗТ СКОПЈЕ: Настовски, Милески 16, А. Јовановски 4, Георгиевски 6, Џеладин 4, Прентовиќ 23, Миса 4, Лазаревски 10, Ристовски, Б. Јовановски 16, Тодоровски 4.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page