Африканецот Диабате е нов член на МЗТ Скопје Аеродром

2016 04 Ное

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, Сулејман Диабате (29 год., 188 см.) од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако попладнево и официјално потпиша договор со нашиот клуб.

Африканецот игра на плејмејкерската позиција, која во моментов е убедливо „најтенка“ во сино-белиот состав, пред сѐ поради повредата на Шарлон Клоф чие враќање на теренот во моментов не може да биде прецизирано. Диабате доаѓа на едномесечен пробен период како пополнување на дупката во ростерот, со можност да остане до крајот на сезоната ако со своите игри ги задоволи вкусовите на стручниот штаб.

Државјанинот на Брегот на Слоновата коска во таборот на МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од редовите на НБА екипата Њујорк никс, за која настапуваше во Летната лига. Минатата сезона беше дел од францускиот тим Руен, а има играно уште и за Дижон, Роан, Нанси и Гравелин. Зад себе има забележителен настап на Афробаскетот во Тунис минатата година, на кој просечно реализираше 18,4 поени.

Диабате вечерва ќе го има првиот тренинг со новите клупски колеги, а неговото деби во дресот на аеродромци ќе се случи задутре, кога во „Јане Сандански“ ќе гостува Унион Олимпија.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page