Официјално: Марко Симоновски се врати во таборот на МЗТ Скопје!

2016 29 Јул

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Марко Симоновски (27 год, 191 см), во новата сезона повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако беше официјализиран неговиот нов договор со актуелниот првак.

За популарниот Марче тоа претставува враќање во средината каде што настапуваше во предминатата сезона, кога беше избран за најкорисен играч (МВП) на финалната плејоф-серија (заедно со Сеад Шеховиќ) и кога имаше просек од 7,8 поени и 2,2 скока во АБА-лигата односно 9,4 поени и 2,4 скока во домашното првенство. Бекот-шутер во неодамна завршениот шампионат настапуваше за Куманово.

Претходно, Симоновски има играно за Вардар, Работнички, Фени индустри како и за австрискиот прволигаш Аркадија лајонс. Тој се очекува да биде еден од најголемите адути на селекторот на Македонија, Драган Раца, во претстојните квалификации за ЕП 2017, но под услов успешно и навремено да се рехабилитира од повредата на 'рбетот, поради која сѐ уште не може да тренира заедно со останатите репрезентативци.

Симоновски е четвртиот кошаркар кој потпиша за  МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок и тоа по Холанѓанецот Шарлон Клоф, Американецот Џош Скот и повратникот во екипата, Србинот Ѓорѓе Дреновац.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page