Талентираниот Наумоски две ипол сезони во дресот на МЗТ Скопје Аеродром!

2021 13 Јан

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува со напорите да ги има во своите редови најталентираните македонски кошаркари во моментов, поради што денеска беше потпишан две ипол годишен договор со Михаил Наумоски (17 год, 205 см), кој во нашиот клуб доаѓа од белградска Црвена Звезда.

Станува збор за крилен кошаркар, кој без проблеми ги „покрива“ позициите три и четири и кој е досега има играно уште за Вардар и за турски Галатасарај. Михаил е помладиот син на легендарниот македонски репрезентативец Петар Наумоски, кој при крајот на кариерата одигра една полусезона и тоа пред точно десет години.

„Со нетрпение очекувам да се завршат сите формалности околу договорот, за да може што поскоро да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе дадам сѐ од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство добиено со тренирањето и играњето во Ц. Звезда и во Галатасарај“, вели Наумоски јуниор.

Според договорот, талентираниот Михаил сезонава ќе ја доигра во дресот на МЗТ Скопје УНИ Банка, каде што од него очекуваме голема помош во борбата за задржување на прволигашкиот статус, а потоа ќе добие „прекоманда“ во првиот тим за кој ќе настапува во следните две сезони.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page