Испечатете ја страната

Исајловски го повреди коленото, но со помош на клубот ќе се врати посилен и подобар!

2020 21 Авг

Еден од најголемите таленти на нашиот клуб, но и на македонската кошарка во моментов, Виктор Исајловски, пред неколку дена го повреди коленото поради што му претстои подолга пауза од која, уверени сме, со помош на клубот ќе се врати посилен и подобар.

Одличното крило имаше пех лошо да згазне при изведување на една од вежбите поставени од Борче Даскаловски, тренерот на нашиот втор тим за кој во моментов тој настапува. Исајловски изминатиов период го мина на прегледи кај неколку еминентни стручњаци за таков вид повреди, кои за жал утврдите дека се скинати предните вкрстени лигаменти во неговото колено. Операцијата е веќе закажана, по што ќе следува период на рехабилитација и тоа под будните очи на сите стручњаци со кои располага нашиот клуб, без разлика дали тие работат со првиот тим или со талентите од МЗТ Скопје Аеродром Уни Банка.

Исајловски и досега ја имаше поддршката од сите во нашиот клуб, а истата ќе ја има во следниот период, во кој ќе сториме сѐ за да го мине на најдобар и најкус можен начин. Тој е еден од играчите на кои сериозно сметаме во иднина и за кого сме уверени дека ќе израсне во еден од носителите на играта не само на МЗТ Скопје Аеродром, туку и на македонскиот национален тим, поради што ќе биде покрај него буквално во секој момент од неговиот пред и пост операциски период, како и за време на рехабилитацијата.