Испечатете ја страната

Македонската кошарка денеска остана без легендарниот Цевка!

2020 20 Авг

Денешниот ден носи голема така за македонското кошаркарско семејство, по веста за ненадејната смрт на еден од најдобрите тренери во младинските категории на сите времиња кај нас, Драган Василов-Цевка.

Работејќи тоа што со децении наназад му носеше најголема радост, со најмладите на кампот на КФМ во Маврово, на Василов му се слошило по вечерата и набрзо ја загубил најважната битка без разлика на исклучителните напори да му се помогне. Имаше 64 години.

Василов неколку години од својот богат тренерски опус мина и во младинската школа на нашиот клуб, пренесувајќи дел од своето огромно искуство на плејада таленти кои потоа продолжија да се надградуваат уште повеќе.

КК МЗТ Скопје Аеродром изразува најголемо сочуство до семејството, роднините и пријателите на нашиот драг Цевка. Изгубивме човек со големо срце.Слава му!