Професорот Даскаловски е нов тренер на МЗТ Скопје УНИ Банка!

2020 23 Јун

Професорот при катедрата за кошарка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) и поранешен тренер на Карпош Соколи, Борче Даскаловски, од денеска е прв тренер на нашата втора екипа, која во Првата лига настапува под името МЗТ Скопје УНИ Банка.

Тој доаѓа на местото на Горан Крстевски, творецот на плејада кошаркари кои „жареа и палеа“ на младинската сцена во последните години, а кој, во договор со управата на клубот, ќе се врати во работата со најталентираните во нашата младинска школа и тоа во селекцијата за играчи до 16 години.

Даскаловски е поранешен играч на Вардар, Балкан Стил, Пелистер и Фени индустри, додека како тренер има работено во Вардар и во Карпош Соколи, каде што прво беше асистент во стручниот штаб кога „соколите“ играат во АБА-лигата и го освоија пехарот во Купот на Македонија. Следната сезона го презеде клубот како прв тренер и собра големо искуство преку настапите во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА, а потоа и во ФИБА Еврокупот. Минатото првенство, пак, го мина како дел од стручниот штаб на Астана, најдобриот тим во Казахстан и член на ВТБ-лигата, каде што работеше заедно со нашиот поранешен тренер, Емил Рајковиќ.

МЗТ Скопје УНИ Банка и следната сезона ќе биде дел од Првата лига, во која ќе влезе со амбиции за опстанок во елитата, заедно со паралелно создавање квалитетни млади кошаркари кои потоа би биле прекомандувани во нашиот прв состав.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page