Конечно државата со значајни средства го помогна спортот, а со тоа и МЗТ Скопје Аеродром

2020 18 Фев

МЗТ Скопје Аеродром не би бил тоа што е, а тоа е најдоминантен тим кај нас и синоним за македонската клупска кошарка на европска сцена во изминатава деценија, кога покрај критиките на одредени проблеми во спортот и на законските решенија во него, не искаже и пофалби за тоа што е добро во спортското функционирање во државата.

Нашиот клуб максимално го поддржува ваучерскиот систем преку кој државата со големи средства му дава поддршка на македонскиот спорт, а со тоа и директно допринесува за сопствената промоција со оглед што спортистите биле и секогаш ќе бидат најголемите амбасадори на земјата во која и за која настапуваат. Првпат некој на адекватен начин и со средства со кои навистина може да се направи добар резултат ги помогна спортистите и им овозможи да тренираат и да се натпреваруваат во подобри услови, што автоматски значи и зголемување на нивните амбиции.

Сумата од 10 милиони евра, кои веќе втора година по ред директно се инјектира во македонскиот спорт преку Законот за таканаречениот „Спортски ваучер“, е нешто што е за поздравување и искрено се надеваме дека наскоро таа може да достигне и до 15 милиони евра, што, според нас, ќе придонесе уште посветла иднина на македонскиот спорт во целост.

МЗТ Скопје Аеродром според овој систем минатата година доби 237.000 евра, додека оваа сума за 2020 година е уште поголема и изнесува 257.000 евра, што е огромна помош за нас во обидот достојно да ја претставуваме Македонија на просторот на поранешна СФР Југославија. Нашиот втор тим, пак, на ланските 33.000 евра годинава доби дури 80.000 евра, со кои и ќе продолжиме да го надградуваме овој проект за развој на младинската кошарка и на давањето вистинска шанса на талентите од целата држава. Со овие средства, државата ни дава огромна помош за да опстоиме во интенциите да направиме младинска школа со која таа ќе се гордее и која ќе им конкурира на најдобрите на целиот Балкан. Настапот на нашата јуниорска екипа на неодамнешното првенство на АБА, каде што добивме само пофалби од најдобрите на Јадранот е само доказ дека сме на вистински пат.

Поради сето ова, сигурно сме дека луѓето кои стојат позади овие законски решенија и позади нивното имплементирање се на вистинскиот пат и веруваме дека во иднина ќе направат сѐ тие да бидат уште подобри, пред сѐ во интересот на спортистите кои се амбасадорите, но и светлата иднина на нашата држава.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page