Господа од КФМ, до кога на наша сметка ќе си ја полните касата и тоа со измислени казни!

2019 17 Дек

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е разочарана од односот на луѓето задолжени да ги толкуваат Пропозициите за натпреварување, како и од начинот на применување на казнените мерки, кои се максимално ригорозни на наша сметка и тоа за работи кои дури и не се предвидени во актите, како и за постапки кои се максимално зголемени на наша штета.

Тоа, првенствено, се однесува на казната од 16.000 денари по дербито со Работнички во „Градски парк“ и тоа за „навредување на националистичка основа“. Сите што беа на овој натпревар беа максимално зачудено поради ваквата санкција, со оглед што никој не слушна вакво скандирање од нашата навивачка група. Тоа и воопшто не се случи, а ако имало индивидуална навреда упатена кон некој од судиите, тој според актите има право да го отстрани од салата. Ние ниту можеме, ниту прифаќаме, ниту тоа е предвидено според правилата да бидеме одговорни за секој индивидуално изречен збор од присутните во салата, особено што на овој меч бевме во улога на гости.

Разочарани сме и од казната од 8.000 денари по мечот од 9. коло против Вардар за „навредување на учесниците на натпреварот“. Делегатот во својот извештај навел дека на трибините имало транспарент со содржина против КФМ, но не гледаме како луѓето од Куќата на кошарката се директни „учесници на натпреварот“ па да бидеме казнети за критики кон нив. Во минатото ваков член за навреда на предводниците во макбаскетот имаше во Пропозиците, но тој беше тргнат токму поради фактот што секој носител на јавна функција е подложен на критика и мора да го прифати тоа без да изрекува дополнителни казни. Некогаш тоа сме ние како управа, некогаш луѓето од КФМ, но гледаме зошто ние би плаќале за нешто што е исфрлено од актите, а искористен е член кој воопшто не кореспондира со случувањата на натпреварот.

МЗТ Скопје Аеродром, сезонава, кога гостува, е приморан да игра во темни сали каде што осветлувањето е далеку под потребниот минимум, со расипани технички и помошни уреди и со температура која реално е далеку постудена од бараната. Но, никогаш јавно не сме проговориле за тоа, ниту сме се побуниле, иако гледаме како казните за вакви прекршоци не се удвојуваат, иако во Пропозициите децидно пишува дека тоа треба да биде така. А, за нашето не носење лого на Федерацијата, само од причина што се коси со опремата која ни е потребна за настап на меѓународна сцена, комесарите не пропуштаат двојно да ја зголема казната за секој „прекршок“.

Како и да е, другите, едноставно, не нѐ интересираат, но не сакаме постојано да бидеме „жртвено јагне“ и клуб кој се користи за полнење на касата на КФМ и тоа со измислени казни. Нашиот тим со години наназад е синоним за македонската кошарка на просторот од поранешна СФР Југославија со настапите во Еврокупот, АБА1 и АБА2-лигите, но поради тоа не бараме да сме привилегирани туку само да бидеме третирани како еднакви со другите на домашна сцена. И повеќе да не бидеме искористени и казнувани за измислени прекршоци.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page