К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Јуначка победа над Цедевита Олимпија: Нашите јуниори се на чекор до финалниот турнир од АБА!

2019 30 Nov

Фантастичната борбеност и огромна желба да се дојде до посакуваната цел на јуниорите на МЗТ Скопје Аеродром им ја донесоа победата во денешниот меч против Цедевита Олимпија (82-70), трета на полуфиналниот турнир од АБА-лигата во Задар, со кој се најдоа на само еден чекор до место меѓу четирите најдобри тима на Јадранот.

Блескавата игра во третиот период (21-12) на талентите од Аеродром им ја донесе клучната предност и тоа од релативно изедначената игра во останатите четвртини. „Штркчињата“ одиграа паметно и мудро и секоја грешка на противникот жестоко ја казнуваа.

Никола Кацарски одигра феноменално и средбата ја заврши со дабл-дабл ефект од 21 поен и дури 16 скока, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Дарио Митевски со 18, Виктор Исајловски со 13 и Андреј Андоноски со 10 поени. Максимум дадоа и сите останати кои стапнаа на теренот, со оглед што ова пред сѐ е тимски триумф.

МЗТ Скопје Аеродром сега привремено е на лидерската позиција на табелата во групата Б и тоа со 7 бода (скор 3-1), но и со натпревар повеќе во однос на Црвена звезда, која има шест бода (3-0). Пласман на финалниот турнир обезбедуваат двете првопласирани, нешто што е сосема реално за нашиот тим.

Многу детали околу евентуалниот наш пласман меѓу четирите најдобри на Јадранот ќе зависи од вечерашниот меч на нашиот последен противник Копер Приморска ( утре во11.45 часот) против Задар, но и утрешната пресметка на Цедевита Олимпија со Морнар.

Ако Копер Приморска загуби вечерва тогаш МЗТ Скопје Аеродром ќе го има обезбедено второто место без разлика на епилогот од утрешниот дуел против овој тим.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page