К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Два од два за талентите на МЗТ: Јуниорите со пеколна игра го преслушаа Задар!

2019 29 Nov

Јуниорскиот состав на МЗТ Скопје Аеродром продолжува да реди победи на полуфиналниот турнир од АБА-лигата за играчи до 19 години, откако претпладнево, со сигурна игра во текот на сите 40 минути, со совлада домаќинот Задар (80-71).

Ова е втор триумф во низа за „штркчињата“, со оглед што во синоќешниот прв натпревар го совладаа Морнар од Бар. Избраниците на тренерот Горан Крстевски апсолутно заслужено дојдоа до големиот триумф против еден од расадниците на таленти во Хрватска, постојано имајќи ја контролата врз играта и резултатот.

Дарио Митевски беше најрасположен за поентирање и со 17 постигнати поени беше најефикасен во нашиот тим, а тој беше стрелец на пет клучни поени во низа на две минути до крајот, кога успешно го одбивме последниот напад на противникот за евентуален пресврт. Двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Никола Кацарски со 16 и Никола Орлов со 13 поени.

Следниот предизвик за нашите момчиња е најголемиот фаворот во групата, екипата на Црвена звезда, со која ќе ги одмериме силите вечерва со почеток во 20.45 часот. В сабота ќе ги одмериме силите со Цедевита Олимпија (11.45 часот), додека в недела ќе финишираме против Копер Приморска (11.45 часот).

Пласман на финалниот турнир ќе обезбедат двете првопласирани екипи на крајот на табелата.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page